Ширењето на корона вирусот го зголеми јавниот долг на ЕУ: Хрватска најзадолжена членка

Обемот на долгот во однос на БДП растеше во 24 од 27 членки на ЕУ, најмногу во Белгија, за речиси шест процентни поени, Финска околу 5, Словенија, Шпанија и Франција над 3 отсто.

Заклучувањето на економиите и ширењето на пандемијата го зголеми јавниот долг во еврозоната и Европската унија за речиси два процентни поени и тоа еврозоната на 86,3 отсто, а ЕУ на 79,5 отсто од БДП во првиот квартал од 2020 година.

Обемот на долгот во однос на БДП растеше во 24 од 27 членки на ЕУ, најмногу во Белгија, за речиси шест процентни поени, Финска околу 5, Словенија, Шпанија и Франција над 3 отсто.

Јавниот долг на Хрватска е поголем за еден процентен поен во однос на последниот квартал во 2019 година, а само Литванија, Данска и Бугарија продолжија со раздолжување.

Хрватска последните неколку години успешно го намалуваше јавниот долг, но корона кризата направи пресврт на овој тренд  и долгот достигна ниво од 74 отсто од БДП.

Според тоа оваа земја е најзадолжена транзициска членка на ЕУ, пред Словенија и Унгарија додека во сите останати посткомунистички членки јавниот долг е под 50 отсто од БДП, а најмалку задолжена е Бугарија со околу 20 отсто, земја која исто така тропа на вратата на еврозоната.

Највисоко ниво на државен долг има Грција со 176 отсто, по неа е Италија со 137, Португалија 120, Белгија 104 и Франција 101 отсто, а најнизок има Естонија од 9 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот