Шилегов: Смешен е „јајце“ изгледот на Универзална, ќе се распише нов конкурс

До втората половина на идната година ќе започне изградбата на Универзалната сала, очекува Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје.

Шилегов одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека за изгледот на новата Универзална сала ќе биде распишан јавен конкурс.

– Во Градот Скопје постојат два смешни проекти, едниот е она „јајце“ проект, што мислам дека беше дури и предмет на исмејување на нормалниот, демократскиот дел од јавноста и проектот проширување на постојната Универзална што чини околу 17 милиони евра, но ниту ќе го зголеми капацитетот, ниту ќе го зголеми квалитетот на Универзалната сала – рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов додаде дека имајќи предвид оти градските власти успеале да обезбедат средства за капитални инвестиции во централниот буџет од страна на Министерството за култура, во соработка со Сојузот на архитекти и Архитектонскиот факултет, ќе биде формирана комисија што ќе го води процесот за давање идејно решение на сосема нов објект што ќе го продолжи симболизмот за градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот