Шилегов: Да знаев кога ќе падне снег ќе бев нобеловец, а не градоначалник

Фото: МИА

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а сè над тоа се плаќа дополнително, со што сумата може да расте и неколкукратно.

Град Скопје случил договор со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 ноември до 15 март за оваа и наредната зима чија цена e од 64.900.000,00 денари. Иако снег не падна, Градот за чистење снег платил 263.000.

„Да можам уште во јуни, да знам дали наредната зима ќе падне снег, веројататно ќе бидам нобеловец, а не градоначални. Ние мора да се спремиме за снег, а замислете да паднеше снег, а ние да не бевме спремни“ одговори Шилегов на новинарско прашање поврзано со тендерот склучен со фирмата „Аполо Инженеринг“.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а сè над тоа се плаќа дополнително, со што сумата може да расте и неколкукратно.

Иако во првите два месеца од договорот, од 15 ноември 2019 до 15 јануари 2020, не падна снег, кон фирмата добитник на тендерот исплатени се околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот