Шилегов: Да за премиер Албанец, но не со уцени, туку со договор

фото:МИА

Претставникот на Централното раководство на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за ТВ21 меѓу другото зборуваше и за премиер Албанец.

На прашањето дали СДСМ е против оваа идеја, Шилегов рече дека немаат проблем премиер да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.

-Тоа се за мене ирелеванти прашања, многу е битно да дојдеме како општество, во целиот тој циклус заеднички, а не да биде условување за воспоставување на политичка соработка. Јас очекувам дека е можно да има ретерирање од таков тип на условување, за заеднички да дојдеме  до определена цел- вели Шилегов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот