Шест убиени, девет ранети во жестока престрелка на затвореници во Мексико

Најмалку шест затвореници се убиени, а девет ранети во престрелка помеѓу две ривалски групи на затвореници во затворот на крајбрежјето на Мексичкиот залив, пренесува Тањјуг.

Полицијата во мексичката држава Табаско соопшти дека пресметката се случила во дворот на затворот, а затворениците користеле рачно изработени огнени оружја.

Властите соопштуваат дека ја вратиле својата контрола над затворот, но не дадоа дополнителни информации околу ранетите и нивната здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот