Шест погреби е дневниот просек на гробиштата во Солун како последица на вирусот: Починатите од ковид-19 се закопуваат во „посебен реон“

Фото: EPA-EFE/Peter Komka HUNGARY OUT

Заменик-градоначалникот на Солун, Јоргос Арвалис, за информативниот портал „Вориа”, вели дека во градот, во просек, има по шест погреби дневно на лица кои ја загубиле битката со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот коментира дека бројот на смртни случаи на дневно ниво во Солун е значително повисок во споредба со првиот бран, а на градските гробишта постои посебен дел со гробни места за оние кои починале од коронавирусот.

– Секојдневно во просек имаме по шест погреби на луѓе кои починале од ковид. Најмногу имавме осум, а најмалку четири. Побројни се во споредба со март, кога ја одредивме областа и ги отворивме првите 50 гробни места. Во тој период имавме малку починати и не беа секој ден, вели Јоргос Арвалис заменик- градоначалникот на Солун надлежен за деловно планирање, дигитално управување и миграциска политика.

Арвалис додава дека до минатиот четврток биле исполнети околу 50 гробници, а денеска се веќе 83.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот