Шест натпревари беа доволни за Мурињо да влезе во историјата на Рома

Тренерот на Рома Жозе Мурињо на дуелот со ЦСКА Софија/Рим, Италија/16 септември 2021/EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Историското, прво коло од Конференциската лига донесе убедлива победа за Рома на Олимпико против ЦСКА Софија. Заврши со конечен резултат 5:1 за римската „волчица“.

Мечот во Рим започна со неочекувано водство на Бугарите, но Рома до крајот постигна пет гола и лесно стигна до првите бодови. Два гола постигна Лоренцо Пелегрини, а по еден Ел Шарави, Манчини и Абрахам.

Убедливата победа не го натера тренерот на италијанскиот клуб, Жозе Мурињо да го пофали тимот. Тој рече дека не му се допадна начинот на кој играше неговата екипа на овој дуел, дека не беше квалитетен.

Но, триумфот го стави Мурињо во клупската историја на Рома.

Само третпат од основањето на клубот во 1927 година, Рома забележа шест победи од шест стартни натпревари во една сезона. Досега, тоа го правеше двапати, двата пати под водство на Руди Гарсија во сезоните 2013/14 и 2014/15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот