Шекил шокиран од смртта на Брајант

Светот се простува од кошаркарската легенда.

Поранешниот соиграч на Брајант, Шекил О`Нил е шокиран од смртта на неговиот поранешен соиграч и едвај успеа да најде сила за да искаже сочувство.

„Нема зборови кои можат да ја искажат болката која ја чувствувам поради трагедијата и загубата на (внука ми) Џиџи и на мојот брат Коби Брајант. Ве сакам и ќе ми недостасувате. Искрено сочувство за семејството на Брајант и за семејствата на останатите загинати во несреќата“, напиша Шекил О`Нил на својот Твитер профил.

Шекил О`Нил и Коби Брајант беа соиграчи во ЛА Лејкерс од 1997 до 2004 година и заедно успеаја да освојат три шампионски титули (2000-2002). Иако често имаа несогласувања на теренот, помеѓу двајцата големи кошаркари секогаш постоеше респект и взаемно почитување.

Не престануваат да пристигнуваат пораки со кои му се оддава почит на Брајант, а меѓу нив се и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, како и ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот