Шекеринска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО
Радмила Шекеринска од вчера официјално ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО. Оваа информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Радмила Шекреинска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО на 2 декември 2024 година. Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Шекеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус – пишува на веб-страницата.

Оттаму додаваат дека како министерка за одбрана, Шекеринска била клучна во подготовката на Северна Македонија за влез во НАТО, предводејќи ги сложените владини реформски програми и трансформацијата на вооружените сили.
-Под нејзино водство, Северна Македонија го зголеми својот придонес во мисиите и операциите на НАТО, вклучително и во Авганистан, Косово, Ирак и засилено напредно присуство на НАТО во Латвија. Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО во 2020 година и успешно постигна целосна воена интеграција во НАТО за помалку од 19 месеци – се вели во биографијата на Шекеринска.


