Шарл Леклер нема да биде број 1 во Ферари!

twitter/formulaone

Оваа сезона „Скудерија” одлучи да му даде приоритет на четирикратниот светски шампион, но тоа набрзо падна во вода откако неговиот нов колега одби да ги почитува наредбите на тимот.

Моментно пред крајот на сезоната во Формула 1, Леклер води пред Фетел со 19 поени, а единствена остварлива цел е двајцата црвени пилоти да се борат против Верстапен за третото место.

– Амбициите се да завршиме на третото место, бидејќи очигледно не можеме да завршиме на прво и на второ место. Мислам дека тоа нема да направи разлика следната година – рече Фетел.

Во однос на квалификациите, Леклер води пред Фетел со 10:7, а по Франција, Шарл има серија од девет последователни квалификации,во кои завршува пред неговиот тимски колега.

– Шарл е добар во квалификациите, мора да му признаам. Немав најдобри сесии годинава поради различни причини. Целта е да настапувам добро во сабота, не само во недела – додаде Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот