Шанса за ракометарките, женското ЕП се проширува на 24 селекции

фото: РФМ

Европското женско првенство од 2024 година ќе биде со зголемен број на учесници, од досегашните 16 ќе се прошири на 24 селекции кои ќе бидат дел од контитенталниот собир.
Оваа одлука е донесена на Извршниот комитет на ЕХФ кој исто така најави и промени во квалификациите.

Со оваа одлука се зголемува шансата женската ракометна репрезентација повторно да биде дел од ЕП. Македонија веќе седум години е отсустна од ЕП, последен настап беше на ЕП 2012 година, а постот е поголем кога станува збор за мундијалите и трае веќе 12 години (последен настап беше СП 2007 во Франција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот