Шампионот во криза, Силекс поуспешен од Шкендија

фото: фк шкендија

Двата најголеми фаворити за освојување на титулата во домашниот шампионат, Шкендија и Вардар имаат мизерен старт во првенството и по две кола немаат постигнато ниту еден гол.

Актуелниот шампион Шкендија и на второто гостување е поразена, овој пат во Кратово кај Силекс со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Филип Дурански во 48. минута.

Ниту Вардар нема старт за паметење, барем „црвено-црните“ освоија бод на гостувањето во Велес кај Борец. Вардарци не успеаја да го искористат  податокот што во 75. минута беше исклучен домашниот фудбалер Филип Петров.

Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев во „реприза“ на минатогодишното финале во Купот, ремизираа без голови. Двете екипи сега имаат по четири бода, по победите во првото коло над фаворитите Вардар односно Шкендија.

Ренова го совлада Струга Трим Лум со 2:1. Ремзифаик Селмани во 30.минута ги доведе домаќините во водство, а Дејан Цветаноски израмни на почетокот на вториот дел. Победата за Ренова ја обезбеди резервистот Адеми во 87.минута кој успеа да погоди за втора победа на Ренова која елидер на табелата со максимални шест бодови.

РЕЗУЛТАТИ:
Борец – Вардар 0:0
Силекс – Шкендија 1:0
Ренова – Струга Трим Лум 2:1
Македонија ЃП – Академија Пандев 0:0
Работнитчки – Шкупи2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот