Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

EPA-EFE
Градинките ги отворија вратите за децата / Скопје, 9 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај од вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска. Согласно ова таа најави дека доколку епидемиолошката состојба и натаму е стабилна може да се размислува за зголемување на капацитетот на градинките, односно укинување на протоколите.

– Претпазливо одиме во целиот овој процес бидејќи се работи за најмладите и ќе правиме проценка кога би можеле да ги отвориме групите комплетно како во претходниот период. Она за кое имаше измена во протоколите е за време на годишните одмори да можат да се спојуваат децата од 2 до 6 години во иста група за да можат вработените да ги користат одморите, рече министерката Шахпаска по отворањето на нова детска градинка во Шуто Оризари.

Одиме, додаде таа, претпазливо и согласно епидемиолошката состојба и мислењата на стручните компетентни лица во Комисијата за заразни болести ќе се види дали и кога комплетно ќе се отворат.

– Сè уште не, но верувам дека тоа ќе се случи многу скоро ако остане ваква состојбата во државата, истакна министерката за труд и социјална политика Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот