Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, денеска во Кисела Вода нема ниту еден заболен воспитувач или дете

Воспитувачите и негователките во градинките се вакцинирани според списоците доставени во Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која денеска ја посети градинката ЈОДГ „8ми Март” во населбата Драчево, Општина Кисела Вода.

-Показателот дека денеска во Општина Кисела Вода нема ниту еден воспитувач позитивен на ковид-19, ниту позитивно дете говори дека со почитувањето на здравствените протоколи и препораките од заразни болести состојбата може да се држи под контрола, изјави Шахпаска.

Според неа состојбата во градинките е стабилна и намален е бројот на новозаболени во градинките и на децата.

-Ова го темелам врз основа на податоците. Пред фактите и бројките и боговите молчат. Минатата седмица имавме 34 новозаболени вработени, а бројката во претходните се движеше 58, 56 тогаш можам да кажам дека скоро е преполовен бројот на заболени и само 8 нови позитивни деца. Фактот дека од 21.350 слободни места за сместување на деца по протокол, а 13.400 деца се сместени, говори дека дополнителни 7.500 слободни места во градинките постојат за сместување. Состојбата е стабилна, ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинката досега не постоела и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата, изјави Шахпаска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот