Северна Кореја: 700 сирачиња доброволно се пријавија да работат во рудниците

epa04544725 A photograph made available on 02 January 2015 by the North Korean news agency KCNA showing North Korean leader Kim Jong-un (C) touring an orphanage in Pyongyang, North Korea on 01 January 2015. Media reports state that South Koreon 02 January 2015 that his government plans to pursue warmer relations with North Korea in 2015. EPA/KCNA SOUTH KOREA OUT

Севернокорејските државни медиуми тврдат дека сираците во таа земја доброволно аплицираат да работат во државните рудници, пренесува Би-Би-Си.

Државната новинска агенција објави дека стотици деца „во најголемата младост смело и мудро одбрале да работат физичка работа за државата“.

Нивната возраст не е објавена, но од фотографиите може да се заклучи дека станува збор за тинејџери.

Групите за човекови права долго време ја обвинуваат Северна Кореја дека користи деца за присилна работа, нешто што властите упорно го негираат.

Волонтираат 700 сирачиња

Денес беше објавено дека 700 деца без родители се пријавиле доброволно да работат во фабрики, на земјоделско земјиште и во шуми.

Во четвртокот, државната агенција објави дека „десетици сирачиња притрчаа во комплексот за ископ на јаглен во областа Кона, сакајќи да ја исполнат заклетвата дека ѝ враќаат на државата само милионити дел од љубовта што партијата им ја покажува“.

Во февруари годинава, Би-Би-Си напиша дека генерации јужнокорејски воени заробеници се користат како робови во севернокорејските рудници за јаглен, а парите од нивната работа биле за режимот и неговата програма за оружје.

Се проценува дека околу 26 милиони луѓе живеат во Северна Кореја, земја во која сите сегменти од животот на нејзините жители се под владина контрола.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот