Северина по 17 години проговори за секс-снимката од јахтата

Instagram
Instagram

Хрватската пејачка Северина Којиќ дала интервју за српскиот „Неделник“ во кој проговорила за сексуалното насилство, за борбата и исповедите на српските актерки Мерима Исаковиќ, Даниела Штајнфелд и Милена Радуловиќ, за говорот на омраза за кој зборува овие денови и популарниот спот „Хејт Словени“…

Сепак, таа го спомнала и своето експлицитно секс-видео од јахтата, објавено во 2004 година, во кое е со нејзиниот тогашен партнер Милан Лучиќ. Многумина своевремено тврдеа дека самата Северина, заради реклама, ја дала снимката во јавноста, но таа тврди дека тоа не е вистина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Никогаш не сум барала мојата интима да излезе во јавност. Тоа беше голем шок. Потоа дадов две интервјуа за тоа, и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Во рокот на службата. Но, ете, тоа беше забава, за некои дури и ден-денес е. Па кога немаат што да ми кажат, тогаш ми го спомнуваат тоа несреќно видео од бродот“, рекла Северина.

Понатаму таа наведува на кој начин нејзините пријатели, но и мајка ѝ своевремено ѝ дале поддршка. Пејачката вели дека меѓу нив бил и славниот кантавтор Арсен Дедиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Ми се јави Арсен Дедиќ и ми рече: „Колешке, слушам дека ви треба филмска музика?“, а мајка ми беше најпрецизна, ми рече: „Ајде, ќерко, еден ден ќе се смееме на тоа“. И се смееме денес“, рекла Северина.

Сепак, овој настан не ѝ бил отсекогаш смешен. Напротив, пејачката поминала низ болен процес.

Но, тогаш шест месеци не излегов од дома. Прво имаше жалење, а потоа и осуда дека самата јас сум ја дала снимката заради популарноста“, заклучила Северина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот