Северина како Јованка Броз! (ФОТО)

Instagram
Фото: Instagram

Северина денес им го честиташе празникот на своите следбеници. Тоа го направи со една стара фотографија на која позира со поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито.

Оваа можност ја искористи да упати посебни честитки на оние кои во последните месеци даваат се од себе за да го олеснат животот на сите во екот на пандемијата од коронавирусот.

„Дозволете ми да ви го честитам 1 мај, Меѓународниот ден на трудот! Дозволете ова да биде во чест на сите работници особено во ова време на медицинските сестри, докторките, трговците, негувателките, аптекарките, сите оние женски херои кои стојат во првите редови за време на борбата со пандемијата, за подоцна мажите да се пофалат!“, напиша Северина на Инстаграм.

Нејзината објава предизвика лавина од коментари, а повеќето нејзини фанови ѝ возвратија со честитка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот