Сериски убијци го прогонуваат градот со децении: Маж и жена киднапирале и убивале девојчиња

Извор: Профимедиа

Полициските ископувања во кафуле во тивкиот англиски град Глостер оживеаја загатка стара половина век: Што се случи со петнаесетгодишното девојче кое исчезна во 1968 година? До ископувањето дојде откако се појавиле сомневања дека таму би можело да биде погребно телото на тинејџерка, за која се сомнева дека е жртва на серискиот убиец Фред Вест.

Полицијата од Глостер изјавила дека форензичарите излегле на лице место во врска со исчезнатата 15-годишна Мери Бастолм.

Долго се веруваше дека Мери е една од жртвите на убиецот Фред Вест, но нејзиното тело никогаш не беше пронајдено, пренесува Си-Ен-Ен.

Серискиот убиец Вест, кој умре во затвор во 1995 година на 53 години, претходно беше осомничен заради нејзиното исчезнување.

Вест и неговата жена Роузмери, која ја запозна во 1969 година, станаа најозлогласениот британски пар на сериски убијци. Тие двајца мачеле, силувале и убиле непознат број на жени во период од 20 години.

Ископањето во кафулето во срцето на историскиот град, кое траеше една недела, не доведе до „пронаоѓање на човечки остатоци или предмети од значење“, соопшти полицијата, но потрагата разбуди болни сеќавања.

Медиумите пренесоа дека филмската екипа која работи за ИТВ на локацијата ја контактирале полицијата и им понудиле целосна соработка. Наводно, тимот, кој е во контакт со фамилијата на Мери, го истражуваат тврдењето дека Фред и Роуз Вест имале повеќе жртви од оние за кои се обвинети и осудени.

Полицијата соопштила дека Вест бил испрашуван вкупно 110 часа и дека негирал дека ја убил. Од полицијата исто така ја бранеле одлуката во 2012 година за да не се ископува кафулето, бидејќи немало доволно докази дека тинејџерката е погребана таму.

Мери исчезнала во време кога Фред Вест, кој често имал работа на улицата каде таа работела како келнерка во кафулето, често киднапирал девојчиња во Глостер.

Вест во разговор со синот Стивен наводно признал дека ја убил Мери, но тоа никогаш не го признал на полицијата.

Телото на Мери не било пронајдено ниту за време на ископувањето на домот на парот Вест во 1995 година, кој е познат како „куќа на хоророт“ на улицата Кромвел во Глостер.

Вест е обвинет за 12 убиства, но си го одзема животот во затворот во Бирмингем пред судењето, притоа носејќи голем број на тајни во својот гроб.

Роуз Вест била осудена за 10 убиства во ноември 1995 година и служи доживотна казна. Таа секогаш зборела дека е невина и нема откриено ништо за случаите.

Колку е ужасно тоа што тие го правеле покажува и тоа што убиле и членови на својата фамилија: Чармејн Вест (8), ќерка на Фред од првиот брак и Хедер Вест (16), најстарото дете на Фред и Роуз.

Смртта на Хедер во 1987 година, за кое се верува дека е последното убиство на парот, ја доведе полицијата да ги открие осакатените остатоци на жртвите на четири различни места во наредната декада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот