Сензација во Рим, Шварцман го елиминира Надал

epaselect epa08682696 Rafael Nadal of Spain reacts during his men's singles quarter-finals round match against Diego Schwartzman of Argentina at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 19 September 2020. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL

Актуелниот шампион на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал, доживеа неочекувана елиминација во четвртфиналето и остана без можност да ја брани титулата.

Подобар од Надал беше Аргентинецот Диего Шварцман и тоа во два сета со 6:2,7:5 и во полуфиналето ќе игра против Денис Шаповалов кој беше поуспешен од Григор Димитров.

Иако се очекуваше рутинска победа на „кралот на земјените терените“ во дуелот со Аргентинецот, се случи сосема спротивното, Шварцман му одржа лекција на Надал.

Надал досега ги доби сите девет меѓусебни дуели со Шварцман, но во десеттиот дуел прикажа лоша игра и сосема заслужено загуби.

Од друга страна Шварцман беше далеку над своето ниво, а при резултат 2:2 во првиот сет, нанижа четири гема во низа за водство од 1:0 во сетови.
Нешто поинаква слика беше видена во вториот сет, неизвесноста траеше со 12. гем.

Надал спаси три брејк топки и пропушти една пред да започне серијата на брејкови од седмиот до 11. гем. На крајот како победник излезе Шварцман кој направи брејк за 6:5 и потоа со сигурен сервис дојде до првата победа во меѓусебните дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот