Села, Гаши и Касами во Тирана на средба со министерот за надворешни работи на Албанија

Фото: Профимедиа

Претседателите на трите албански партии, Зијадин Села на Алијансата за Албанците, Билал Касами на Движењето Беса и Африм Гаши на Алтернатива, претходната недела биле во Тирана.

Извори за ТВ21 од трите партии потврдуваат дека претседателите одделно се сретнале со министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај. Официјално никој не ги потврди овие информации.

Генералниот секретар на Беса вели дека во Тирана се сретнале со пријатели, но не кажува кои се тие.

И генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи вели дека лидерот на Алтернатива, Африм Гаши бил во Тирана, но не дава детали за агендата на средбите.

Од Алијансата за Албанците уште не дадоа одговор за евентуалната посета на претседателот на партијата Зијадин Села во Тирана.

Генералниот сектретар Арбен Таравари рече дека нема информации за такво нешто и дека медиумите за тоа требада го прашаат Села, кој се уште нема одговорено на ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот