Сексуални проблеми – кога и како треба да разговарате со вашиот партнер за нив?

Фото: Pexels/August de Richelieu

Сосема е нормално одвреме-навреме да се појават одредени проблеми во сексуалниот живот. Сепак, доколку сакате да разговарате со вашиот партнер за тоа, треба внимателно да го одберете моментот.

Психолозите советуваат дека таквите разговори треба да се избегнуваат за време на сексот, но и веднаш по односот. Исто така, избегнувајте да разговарате на овие чувствителни теми кога сте уморни, реасеани или нерасположени.

„Немојте само туку-така да го нападнете партнерот, особено ако се работи за нешто што предизвикува лутина. Некој кој е фрустриран затоа што партнерот има ниска желба за секс, лесно може да даде кратка забелешка, но тоа не е добро. Изберете соодветен момент да разговарате таа тема кога и на двајцата ќе ви биде пријатно и не правете голема работа од тоа. Партнерот нека чувствува сигурност, разбирање и грижа. Тоа е позитивен начин на комуникација за сексуалните проблеми“, објаснува Кристал Вудбриџ, психотерапевт.

Љубов, пар, секс
Фото: Pexels/Yan Krukov

Едно од најчестите прашања што пациентите ѝ ги поставуваат на Вудбриџ е: „Кога ќе запознаам нов партнер, по колку време треба да му кажам за мојот проблем?“.

„При запознавањето со некого, ние сакаме да се претставиме во најдобро светло и ни треба време да стекнеме доверба. Разбирливо е дека не сакате веднаш да зборувате за вашите сексуални проблеми. Како и кога да разговарате на оваа тема зависи од тоа колку сте поврзани со новиот партнер“, вели терапевтот.

Фото: Pexels/Yan Krukau

„Одраз на нашата култура е тоа што луѓето очекуваат секс многу брзо по средбата. Ако барате животен партнер, тогаш сакате некој кој е сочувствителен. Ако лошо реагира на вашиот проблем, тогаш не е вистинската личност за вас“, додава таа.

Важно е да го убедите партнерот дека, и покрај проблемот, сепак го сакате. Не бидете критични и не го обвинувајте партнерот (или себеси). Наместо тоа, најдете заеднички јазик.

„Да речеме, ако сексуалниот однос е болен или непријатен, но вие сте сексуално експресивни, отворени и креативни – повеќето од партнерите повеќе би сакале да го имаат тоа, отколку пенетративен секс во кој некој не ужива“, вели Вудбриџ.

Некои вообичаени сексуални проблеми имаат клинички причини кои можат ефикасно да се третираат. На пример, сувост на вагината, несакани ефекти од менопаузата, вулводинија (болка во надворешниот дел на женските гениталии), сексуално преносливи инфекции, еректилна дисфункција и сл.

Во овие случаи, посетата на лекар е првиот чекор, а исто така препорачливо е да побарате помош од специјалист за односи кој ќе ви помогне вам и на вашиот партнер да изградите силна и здрава врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот