Секогаш доцните? Еве што кажува тоа за вас

unsplash

Некои луѓе веднаш ќе речат „не го почитува туѓото време“, но всушност не е толку едноставно…

Секогаш, во секое општество, има барем една личност која секогаш и секаде доцни. Без оглед колку пати ќе ја замолите следниот пат да биде на време, колку и да е важен настанот, некако повторно доцни.

Ако тоа не ви се случува вам и секогаш сте на време, тогаш сигурно познавате некој кој е таков и веројатно ве нервира, а постојат големи шанси да го сметате за непристоен и лошо воспитан.

unsplash

Па, можеби ова ќе ви помогне да го смените мислењето за луѓето кои доцнат.

Според новата студија, може да има добра причина за нивното доцнење. Науката покажа дека доцнењето всушност честа навика на успешните, креативни и оптимистички луѓе.

Можеби не ви звучи логично, но станува збор за фактот дека луѓето кои секогаш доцнат, поради нивниот позитивен и оптимистички став, честопати превземаат премногу обврски, го преценуваат времео што им е на располагање и затоа им е тешко да се држат до кое било временско ограничување.

Досегашните истражувања исто така покажуваат дека луѓето кои доцнат не само што се поуспешни, туку се и поздрави и живеат подолго.

unsplash

Една студија открила дека продавачите кои по природа се оптимисти, продаваат 88% повеќе стока отколку нивните колеги. А друга студија спроведена на Харвард пак, открила дека оптимизмот во раниот живот „им помаг на луѓето да бидат поздрави и да имаат пониска стапка на смртност во наредните 15 до 40 години“. Или со други зборови, тие живеат подолго.

На крајот, кога сè ќе се додаде и одземе, излегува дека воопшто не е лошо што некои луѓе секогаш доцнат, но сигурно ги иритираат оние кои се секогаш на време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот