СЕХА: Пекинг ги „лечи“ раните на Вардар!

rkvardar.mk

„Црвено-црните“ ракометари денеска од 17.15 часот ги очекува нов предизвик во СЕХА Газпром лигата, гостуваат кај дебитантот кој доаѓа од Кина, екипата на Пекинг СУ.

Овој дуел ќе се игра во Загреб (Хрватска), а истиот ќе биде како подготовка пред мечот со белорускиот Брест Мешков Лигата на шампионите на 3. ноември.

Вардар во меѓувреме претрпе два високи порази во ЛШ дома од Кил и на гости кај Веспрем, дојде до привремено решение на тренерската клупа, па денешниот натпревар ќе се искористи како „рехабилитација“ и враќање на позитивната атмосфера.

Вардар во регионалното натпреварување има одиграно досега четири мечеви, со учинок од три победи и еден пораз. Македонскиот, регионален и европски шампион го доби убедливо првиот дуел на домашен терен (37:23), меч на кој шанса добија и помладите ракометари.

Левото крило Димитар Димитриоски се надева дека така ќе биде и на денешниот дуел.

– На првиот натпревар во Скопје шанса добивме помладите. Не треба да сметаме дека Пекинг е аутсајдер, тие се млад тим што постојано напредува и учи од натпревар во натпревар. Верувам дека и сега ние младите ќе имаме шанса за играње и докажување. Најважно е да не го потцениме ривалот и да одиграме на нивото како и досега – рече Димитриоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот