Сега може да спиете заедно со лавови и тигри во Кент (ФОТО+ВИДЕО)

Безбедно спиење во близина на лавови и тигри досега беше возможно само на некои далечни дестинации како Африка и Азија, но сега постои таква опција и во хотелот Порт Лимпни во Кент. Хотелот располага со прекрасни бунгалови со пет ѕвезди сместени среде сафари парк.

Може да изберете бунгалов блиску до диви животни како лавови, тигри, мечки и волци. Тоа значи дека може да јадете, спиете или да се капете на само неколку сантиметри од нив.

Бунгаловот кај лавовите е особено импресивен. Тој е прв во светот од овој тип, со огромни прозори во дневната и спалната соба, така што гостите никогаш не се далеку од величествените предатори кои живеат во паркот. Градбата е од отворен тип, со скандинавски бањи на отворено поставени на изолирани платформи. Просторниот апартман овозможува несекојдневен поглед на лавовите Адрас, Одрика и нивните три мали лавчиња, додека спиралните скали водат до мезанинот со два кревета за возрасни и два за деца. Бунгаловот е опремен со бар, висечки лустери, приватна тераса и градини.

uniqueluxurystays.com

Едно ноќевање во овој апартман чини 1750 фунти и цената вклучува појадок, шише шампањ за добредојде, сафари, пристап до хотелот Порт Лимпни, како и до паркот со диви животни.
Другите бунгалови може да се изнајмат по пониска цена, па така ноќевање во бунгаловот кај тигрите чини 1000, кај волците 549, а во оној кај мечките 350 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот