Сега Лацио го брка Јуве, Пандев се врати и обезбеди пенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Нашиот напаѓач се врати од ситната повреда и уште еднаш докажа дека е клучен играч на Џенова, но секако и на најдобрата македонска репрезентација.

Досега гледавме трка за шампионската титула помеѓу Јувентус и Интер, иако секако не се отфрлаат шансите на „неро-аѕурите“, сега Лацио е тој што е најсериозен кандидат да ја прекине доминацијата на „Старата дама“ во Серија А.

Денеска во рамките од 25. коло каде што четири натпревари се одложени поради епидемијата на коронавирусот, екипата на Лацио ја продолжува долгата серија на мечеви без пораз, односно славеше на гостувањето кај Џенова (2:3).

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во минатото коло се повреди на дуелот со Болоња и се крена паника поради евентуална сериозна повреда што би можела да го оддалечи од историскиот дуел на Македонија против Косово за пласман на ЕП 2020.

Но, за среќа брзо на терените се врати нашиот напаѓач, започна од клупата против својот поранешен клуб од Рим, при негатива од 1:2, влезе во игра во 57. минута и го замени Фавили.

„Небесно-сините“ постигнаа уште еден погодок во 71. минута преку Каталди, а во 89. минута Пандев успеа да обезбеди пенал (играње рака на противничкиот играч) кој го реализираше Кришито. Џенова останува во опасната зона за испаѓање со 22 бодови, само еден помалку зад засега „безбедната“ Сампдорија која има натпревар помалку.

Во неделната програма ќе се одигра само уште еден меч, Рома од 18.00 часот е домаќин на Лече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот