„Сега кој ќе ги гледа другите деца?“: Таткото кој до смрт го претепа сопственото бебе осуден на 20 години затвор

Фото: Кривичен суд

45-годишниот Суад Бајрам од Скопје, таткото обвинет за бруталното убиство на сопственото тримесечното бебе, доби казна затвор од 20 години, објави „МКД.мк“.

Основниот кривичен суд Скопје денес го прогласи Бајрам за виновен за убиство при вршење на семејно насилство. Тој призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, откако судењето заврши, тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, „немало сега кој да се грижи за другите три малолетни деца“.

Бебето почина поради повреди и крвавење во мозокот од ударите на таткото, а убиството се случи пред очите на другите малолетни деца.

„Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште три малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам”, ѝ се пожали обвинетиот на адвокатката.

Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека Бајрам бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, почнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повеќе повреди кои предизвикале крвавење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе почина.

Првостепената пресуда не е првосилна и може да се вложи жалба на висината на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот