Се судрија два воени хеликоптери во Мали – загинаа тринаесет француски војници

Хеликоптер фото МИА

Тринаесет француски војници загинаа во судир на два воени хеликоптери во Мали, соопшти администрацијата на претседателот на Франција, а пренесе Б92.

Војниците загинаа за време на спроведување на операција против џихадистите во таа држава.

– Претседателот со длабоко жалење соопштува дека загинаа 13 француски војници во понеделникот вечер, кога се судрија два хеликоптери за време на операција против екстремисти – стои во соопштението.

Французите делуваат во Мали од 2012 година, со чија помош оваа земја успеа да ја врати северната територија која беше под контрола на исламистите. Во моментов во Мали престојуваат повеќе од 4500 француски војници, наведува „Раша тудеј“.

На почетокот на овој месец загина уште еден француски војник, откако беше активирана експлозивна направа во близина на неговиот автомобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот