Се подготвува спектакл во УФЦ, Мекгрегор и Нурмагомедов повторно во октагонот

twitter/mmafighting

Шампионот во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов упорно одбиваше да му овозможи реванш на Конор Мекгрегор и тоа јавно го кажуваше, но се чини дека во последно време се менуваат работите.
Хабиб го принуди контроверзниот Ирец да се предаде во четвртата рунда на УФЦ 229 приредбата, по што веднаш Русинот го напушти октагонот за да се пресмета со тимот на Мекгрегор.

Поради тој инцидент Нурмагомедов беше казнет со шестмесечна суспензија, а откако му истече казната, минатиот месец ја одбрани титулата во лесна категорија со победата над Дастин Поирие.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт како иден предизвикувач го најави Тони Фергусон, а борбата би се одржала идната година во Русија, но таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов истакна дека го чекаат Конор Мекгрегор доколку сè уште сака реванш.

– Доколку Мекгрегор посакува реванш, Москва е подготвена за него. Тој порано изјави дека има повеќе навивачи од Хабиб во Москва. Сакаме да го пречекаме во Москва, добредојден е – изјави Абдулманап Нурмагомедов.

Со ваквата најава на таткото на шампионот, се чини дека челниците на УФЦ веднаш ќе започнат со договарање на борбата која може да им донесе вистинско богатство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот