Се огласи Зајков: Во моментов сме безбедни, наскоро ќе бидеме евакуирани од Украина

Ѓоко Зајков/ фото: EPA/ADAM WARZAWA

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој од јануари настапува за екипата на Ворска од Полтава, во најскоро време ќе си замине од Украина по нападот на руските воени сили.

Зајков за ФФМ изјави дека чека клубот да донесе одлука за осганизирање на мини бус со кој странските фудбалери би биле спроведени до некоја граница и безбедно би ја напуштиле Украина.

– Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам – изјави Зајков за ФФМ.

.

Украинска криза: Нашиот фудбалер Зајков е безбеден, можеби ќе биде евакуиран

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот