Украинска криза: Нашиот фудбалер Зајков е безбеден, можеби ќе биде евакуиран

Ѓоко Зајков/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерот Ѓоко Зајков, македонски репрезентативец, кој настапува во Украина, е безбеден, а градот каде што се наоѓа не е цел на напад. Ова ни го соопшти Моника Зајкова, сестра на Ѓоко, која е во Македонија, но е во контакт со братот. Зајков е фудалер на Ворскла од градот Полтава.

Рано утрово дојде до руски воен напад врз Украина, што драматично ги смени работите на лошо што се однесува до безбедноста во таа земја. За состојбата на Зајков веќе неколку дена се интересираат медиумите од нашава земја, земајќи предвид дека ситуацијата помеѓу Русија и Украина одамна е напната.

– Градот каде што се наоѓа (Зајков н.з.) не беше цел на напад. Безбедни се и тој замина во клубот утрово. Има најава од клубот дека ќе ги евакуираат во друга земја за да продолжат со тренинзи, но мора да се создадат услови бидејќи во моментот воздушниот простор е затворен. Неколку воени бази се нападнати. Нема напад над цивили. Сега чекаме инструкции од клуб што ќе им дадат. Во градот се работи нормално – не информира Моника Зајкова, сестрата на Ѓоко Зајков.

Пред околу две недели нашето Министерство за надворешни работи апелира македонските државјани ако можат да ја напуштат Украина. Зајков одлучи да остане и за ТВ Телма пред неколку дена рече дека останува по консултации со одговорните од клубот. Тој во Украина дојде во јануари. Полтава е град во централна Украина на реката Ворскла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот