Се огласи менаџерот на хрватската пејачка Катарина Раутек: „Ми се јави пред два дена, а поради здравствени проблеми ја откажа турнејата“

Фото: Facebook/ Katarina Rautek

Хрватската пејачка Катарина Раутек, која е поранешна членка на популарната група „Е.Т.“, од вчера е прогласена за исчезната, а полицијата интензивно трага по неа.

Според јавно достапните податоци, Раутек по своја волја ја напуштила болницата во Загреб и оттогаш никој не знае каде е. По исчезнувањето, нејзиниот менаџер Ренис Гржиниќ даде изјава за „Вечерни лист“.

„Бев во шок и немав поим, сега од медиумите дознав дека исчезнала, се слушнавме пред некој ден, а вчера или завчера го видов и нејзиниот пропуштен повик, но поради обрски не успеав да стапам во контакт со неа. Самата Катарина ни кажа дека последниве месеци има здравствени проблеми и дека мора да ја откаже закажаната турнеја „Флешбек“ на која групата Е.Т. треба да оди со „Колонија“ и „Карма“. Дури нè советуваше да најдеме нов пејач кој ќе ја замени, навистина не знам што друго да кажам… Навистина ме изненади информацијата за исчезнувањето на Катарина„ – изјавил менаџерот Гржиниќ.

Тој одговорил дека веднаш откако Катарина ги известила за нејзините здравствени проблеми, се договориле да одат на турнеја со пејачката Мери Андраковиќ, како нов член на групата, бидејќи имале вложено многу труд во овој проект и не сакале да се откажат.

Контактирани биле и пријателите на Катарина, но и тие биле изненадени од информацијата за нејзиното исчезнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот