Сè е подготвено за ждрепката во ЛШ, во група може да се најдат Баерн, Барса, Интер..!

twitter.com/fcbmumbai

Сите четири шешири се потврдени од страна на Европската фудбалска куќа (УЕФА) пред извлекувањето на групите во Лигата на шампионите закажано за 17.00 часот. Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи.

Во средата се дознаа сите учесници во новата сезона од најквалитетното клупско натпреварување, а потсетување дека титулата ја брани екипата на Баерн Минхен.

Многумина предвидуваат дека можно е токму баварскиот гигант да се најде во најсилната „група на смртта“ во историјата на ова натпреварување, заедно со Барселона, Интер и Марсеј.

Во група не можат да играат клубови од иста земја, а најмногу претставници во ждребот ќе имаат Шпанците, Англичаните, Италијанците и Германците, по четири, а дури три екипи ја претставуваат Русија.

Лига на шампиони (сезона 2020/21)
Шешири –

1 шешир: Баерн Минхен, Севиља, Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Зенит, Порто.

2 шешир: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Шахтјор Доњецк, Борусија Дортмунд, Челси, Ајакс.

3 шешир: Динамо Киев, Салцбург, Лајпциг, Интер, Олимпијакос, Лацио, Краснодар, Аталанта.

4 шешир: Локомотив Москва, Марсеј, Клуб Бриж, Борусија Менхенгладбах, Истанбул Башакшехир, Митјиланд, Рен, Ференцварош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот