СДСМ: Новата влада што ќе ја предводиме има план за реформи, правда и силна економија

Новата Влада, што ќе ја предводи СДСМ, има план за реформи во правосудниот систем, за правда и одговорност за сите. Тоа е еден од најважните приоритети на кој интензивно ќе се работи уште од првите денови, наведуваат во соопштението од владејачката партија СДСМ.

-Поддршката од граѓаните за СДСМ значи продолжување по патот на напредокот, интеграциите, демократијата, правдата, владеењето на правото. Истовремено преку конкретни мерки обезбедуваме силна и стабилна економија, за подобар животен стандард и повисоки плати. Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој. Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија.- наведуваат во соопштението.

Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, потенцираат оттаму, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.

-Новата Влада предводена од СДСМ во следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните- наведуваат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот