Саутгејт: Им правиме проблем на нашите играчи, оставете го Мегваер на мира

фото: EPA-EFE/Robert Perry

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт ги критикуваше навивачите на неговиот тим за навредите кон Хари Мегваер, кој си постигна автогол на пријателскиот натпревар против Шкотска.

Британските медиуми потсетуваат дека Мегваер со години е мета на критики од навивачите на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација.

Во 2019 година од Лестер пристигна во Манчестер јунајтед за 70 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата поради големиот број грешки во претходните неколку сезони.

Англија синоќа во контролниот меч во Глазгов ја победи Шкотска со 3:1. Мегваер влезе во игра во вториот дел и си постигна автогол во 67 минута.

– Ваквата реакција е резултат на одредени луѓе надвор од тимот, кои создадоа ваква атмосфера. Прекрасно е што навивачите го одбранија против Шкотска. Тоа треба да го правиме секој ден. Им правиме проблем на нашите играчи. Некои текстови и коментари ги исмеваат нашите играчи. Секогаш можевме да се потпреме на Мегваер во еден од најуспешните периоди во англискиот фудбал. Можам да ги разберам шкотските навивачи, тие се забавуваат, но ова што си го правиме е смешно. Оставете го на мира – истакна Саутгејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот