Саутемптон ја испушти победата против Вулверхемптон
Фудбалерите на Саутемптон ја продолжија серијата без пораз откако во последниот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата одиграа 1:1 на гости кај Вулверхемптон. Ова беше седми натпревар во низа за Саутемптон на кој не е поразен во Премиер лигата.
„Светците“ поведоа во 59. минута со голот на Тео Волкот по асистенцијата на Адамс. Истиот фудбалер 10 минути подоцна можеше да го зголеми водството на Саутемптон, но неговиот шут заврши покрај голот.
Одлични шанси за подогок имаат и Адама Траоре и Даниел Поденс кој во 36. минута ја имаше најдобрата шанса но неговиот удар со глава го одбрани домашниот голман.
Казната за промашувањата стигна во 75. минута кога Педро Нето само пет минути откако влезе во игра го израмни резултатот. По деветтото коло, Саутемптон се наоѓа на петтата позиција со 17. бода, три помалку од лидерите Тотенхем и Ливерпул, додека Вулверхемптон е деветти со 14. бода.
Претходно, Брајтон со голот на Вуд го совлада тимот на Кристал Палас.