Сари е наследникот на Алегри во Јувентус
Тренерот на Челси, Маурицио Сари, по само една година во Англија, ќе се врати во татковината и ќе седне на клупата на Јувентус, пишува „Тутоспорт“. Тој треба да дојде на местото на Масимилијано Алегри кој ја загуби поддршката од соблекувалната но и директорскиот двоец, Недвед и Паратичи, и на крајот од сезоната ќе премине во ПСЖ.
Прв избор на „старата дама“ беше Пеп Гвардиола, кој иако имал средба со претставници на Јувентус, ќе остане уште една сезона во Манчестер сити и ќе се обиде да дојде до трофејот во Лигата на шампионите.
Иако се споемнуваше името на Антонио Конте, за кого и лобираа Недвед и Паратичи, претседателот на клубот Андреа Ањели, стави вето на евентуалниот ангажман.
Токму затоа, Јувентус се сврте кон третата опција, Маурицио Сари кој начелно се согласил да се врати во Италија и да седне на клупата на Јувентус. Сари е постојана цел на критики на англиските медиуми за начинот на кој ја води екипата на Челси, иако резултатите одат во негова полза, „сините“ се на третото место во Премиер лигата и се наоѓаат пред пласман во финалето на Лигата на Европа.