Сараево и Киев ќе потпишат Договор за воспоставување пријателски односи

Сараево Фото МИА

Градоначалниците на главните градови на Босна и Херцеговина и на Украина, Бенјамина Кариќ и Виталиј Кличко, в понеделник во Брисел ќе потпишат Договор за воспоставување пријателски односи.

Во документот, што стапува на сила на денот на потпишувањето, се вели дека градовите Киев и Сараево сакаат да развијат „плодна соработка во широк спектар на економски, културни, туристички, образовни и други области на взаемна корист и просперитет”.

Нагласено е дека Киев и Сараево заедно ги претставуваат европските вредности на демократијата, слободата и владеењето на правото и дека се посветени на човековите права, принципите на меѓународното право и промовирањето на мирниот соживот во Европа.

Кариќ ја прифати поканата на Кличко да учествува на состанокот „Киевски инвестициски форум” на 28 ноември во Брисел, кој се одржува во Киев, но оваа година, поради руската агресија е преместен во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот