Саниран потпорниот ѕид во Пинтија кој попушти поради невреме

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги завршија активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски кај семафорите во населбата Пинтија.
Како што информираат од Град Скопје, на терен, целосно се отстрани стариот небезбеден бетонски потпорен ѕид кој падна поради временските неприлики.

– Се изработи проектното решение од ЈП „Улици и патишта“ врз основа на кое се изведени армирачко бетонските работи на новоизградениот потпорен ѕид каде се постави дренажен систем. ЈП „Улици и патишта“ заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ја извршија по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а соодветно ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот – стои во објавата од градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот