Само уште седум недели го делат Ѓоковиќ од бројката 400 на врвот на АТП
Лидерската позиција на АТП листата и оваа недела е во сопственост на Новак Ѓоковиќ кој ја започлнува 393-та недела како најдобар тенисер во светот.
Во однос на претходната недела Ѓоковиќ загуби 250 поени и сега има 11.545, додека второпласираниот Карлос Алкараз освои 90 и со 8.625 е на втората позиција.
Зад водечката двојка следуваат Данил Медведев, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Каспер Руд и Александар Зверев.
До крајот на годината Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Париз, завршниот Мастерс во Торино и Дејвис Купот. Од друга Шпанецот ја чека шансата да го симне од тронот и во овој момент игра на турнирот во Пекинг каде што го чека меч во полуфиналето.
Скок од 30 позиции за Ѓорческа: Македонската тенисерка влезе во топ 200 на ВТА листата