ВИДЕО | Aлкараз лесно до полуфиналето во Пекинг

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Шпанецот, Карлос Алкараз одигра уште еден одличен меч на турнирот во Пекинг и славеше против Каспер Руд за место во полуфиналето.

На стартот од натпреварот Руд направи брејк за водство од 3:0, а потоа Алкараз освои четири гема во низа, со два брејка и тоа водство го задржа до крајот на сетот (6:4). Во вториот сет Шпанецот играше уште подобро и Руд немаше никакви шанси освојувајќи само два гема.

Противник на Алкараз во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот помѓу Димитров и Синер.

Во пресметките денес претходно полуфинале закажаа Зверев и Медведев. Германецот беше подобар од Чилеанецот, Џари, а Русинот од Французинот Хумберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот