Салите во Македонија ќе се претворат во болници доколку се зголеми бројот на заболени од коронавирусот

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека и Македонија може да го следи случајот со Бугарија и Хрватска, да најголемите спортски сали да ги направи привремени болници доколку драстично се зголеми бројот на заболени на нашата држава.

– Ја спомнавме и оваа можност, дискутирана е, но сметаме дека такво нешто би преземале дури во некоја понапредна фаза или, како некоја последна мерка. Имаме кревети кои се оспсобени и би можеле да ги користиме за такво нешто, но засега експертите сметаат дека не е потребно. Повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои би можела да им биде потребна помош – одговори Филипче на новинарско прашање дали и салите во Македонија ќе бидат претворени во болници. Тој притоа додаде дека засега не се разгледува оваа опција.

Досега во регионот на ваков потег се одлучија хрватските и бугарските власти. „Арена“ во Загреб и салата „Армеец“ во Софија веќе се оспособени како резервни болнички капацитети за случаи кои не се во многу сериозна состојба. Во нашата земја такви капацитети би можеле да бидат двете најголеми сали, „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во Скопје.

Моментниот број на позитивни на коронавирус во Македонија изнесува 85, откако во изминатото деноноќие беа регистрирани нови девет случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот