Сали Бериша ја обвини албанската влада за хакерските напади

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија и поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша упати силни обвинувања дека „системот ТИМС бил нападнат од владини хакери”.

Повикувајќи се на сигурни извори, тој рече дека системот ТИМС бил нападнат за да се елиминираат доказите за врските на владата и пратениците со криминалот.

-ТИМС системот, според сериозни, сигурни извори, е нападнат од владини хакери со цел да се избришат сите траги од врските на владата и пратениците со групи шверцери и криминалци и нивните заеднички патувања, кои се доказ за соработка со политиката. Извлекувањето податоци од системот МЕМЕКС, пак, е најекстремниот степен на деконспирација и потврда дека оваа мафијашка држава е во рацете на криминалот, посочи Бериша.

Според него Албанија станува најопасна земја на Балканот и во Европа”.

Изјавата на Бериша следува откако групата „Татковинска правда” денеска објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС во кој се наоѓал список со 105 илјади лица осомничени дека се вмешани во криминални активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот