Сајмон Харис предложен за нов премиер на Ирска

Фото: EPA-EFE/DAMIEN EAGERS

Сајмон Харис денеска е избран за лидер на ирската централно-десничарска партија „Фин Гаел“, што му го отвори патот да стане најмладиот премиер во Ирска на 37-годишна возраст.

Харис беше единствениот кандидат да ја води партијата и да го наследи Лео Варадкар, кој неодамна поднесе оставка, на изненадување на сите, како партиски лидер и премиер.

Партијата Фин Гаел и нејзините коалициски партнери го формираат мнозинството во ирскиот Парламент.

Харис ќе може да стане премиер на 9 април кога е закажана следната седница на Парламентот.

Тој беше министер за високо образование во владата предводена од Варадкар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот