САД тврди дека не добиле официјално барање за екстрадиција на Болсонаро

Болсонаро (Фото: Palácio do Planalto / Wikipedia / Flickr)

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Бразил не добил барање за екстрадиција на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во САД.

Саливан, кој е дел од делегацијата на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на северноамериканските лидери во Мексико Сити, главниот град на Мексико, одговараше на прашања на новинарите.

Саливан ја повтори американската поддршка за новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, и покрај насилните акции на стотици екстремно десничарски поддржувачи на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Бразил.

На прашањето дали Болсонаро, за кој се вели дека е на Флорида во САД, ќе биде екстрадиран во неговата земја, Саливан рече дека не може да зборува со сигурност за тоа каде се наоѓа бидејќи немале директен контакт со Болсонаро.

Саливан рече дека се уште не добиле никакво барање од бразилската влада во врска со екстрадицијата на Болсонаро.

Во врска со визниот статус на Болсонаро, Саливан рече дека би било соодветно Стејт департментот да даде изјава, а не тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот