САД со планови за отворање конзулат на Гренланд

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори конзулат на САД на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес кон данската територија.

Во писмото испратено од Стејт департментот до Конгресот, отворањето конзулат во Нук е дел од планот на американската надворешна политика за зголемување на своето присуство на Арктикот.

„САД имаат стратешки интерес за унапредување на политичките, економските и трговските односи низ целиот арктички регион”, се вели во писмото испратено до конгресниот Комитет за надворешни работи.

Како што се наведува, постојаното дипломатско присуство ќе им овозможи на САД да ги штитат основните капитални единици на Гренланд, додека развиваат подлабоки односи со претставниците на Гренланд и општеството.

Во писмото се вели дека конзулатот ќе биде „клучна компонента на напорите на САД да го зголеми присуството на САД на Арктикот и да служи како ефикасна платформа за унапредување на американските интереси на Гренланд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот