САД одобри продажба на ракетни системи на Полска за 100 милиони долари

Долари/ Фото Архива на СП

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на Полска на противтенковски ракетни системи „Јавелин” за 100 милиони американски долари, вклучувајќи 79 минофрлачи и 180 ракети, соопшти американското Министерството за одбрана.

Од гледна точка на Вашингтон, договорот е во интерес на САД „затоа што ја зајакнува безбедноста на партнер и сојузникот на НАТО”.

„Продажбата ќе и помогне на Полска да го изгради својот долгорочен одбранбен потенцијал за да го заштити својот суверенитет и територијалниот интегритет”, се вели во соопштението на Министерството.

Американската администрација официјално го извести американскиот Конгрес за својата одлука. Законодавниот дом на САД сега има 30 дена да го разгледа овој нов воен договор и да го одобри, или евентуално да го блокира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот