САД им даде предлог на Либан за демаркација на поморската граница со Израел

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел, во екот на преговорите за граничниот спор за околу 860 квадратни километри во Медитеранот.

Американските медиуми пренесуваат дека Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека полагаат право врз околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Кабинетот на претседателот Аун потврди дека за време на денешната средба во претседателската палата во Баабда, амбасадорката Ши му ги претставила предлозите на американскиот посредник Амос Хохштајн.

Во минатонеделното интервју за локалните медиуми, претседателот Аун оцени дека преговорите наскоро би можеле да завршат, со порака дека Либан „ќе го добие правото да вади нафта и гас”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот