САД го удвои финансирањето на компанијата која развива вакцина против Ковид-19

Фото: EPA

Компанијата додава дека решила да спроведе значително пообемно клиничко тестирање во третата фаза, отколку што првично било предвидено.

Соединетите Американски Држави двојно го зголемија финансирањето, на вкупно близу милијарда долари, за развојот на потенцијалната вакцина против коронавирусот, која ја разви американската компанија „Модерна“.

Американската администранција на претседателот Доналд Трамп се обврза да даде дополнителни 472 милиони долари, покрај 483 милиони долари кои веќе ги најави,  пишува во соопштението на „Модерна“.

Компанијата додава дека решила да спроведе значително пообемно клиничко тестирање во третата фаза, отколку што првично било предвидено.

Нивната експериментална вакцина, којашто поттикнала создавање антитела против коронавирусот кај сите учесници во тестирањето, кои ги имаше 45 во првата фаза од испитувањата, ќе може од понеделникот да се тестира на 30.000 лица, од кои половината ќе ја примат дозата до 100 микрограми, а другите плацебо.

САД, најпогодената земја во светот со повеќе од 146.000 починати и секојдневно со по неколку илјади новозаразени, најавија последните месеци големи вложувања во имунизацијата на Американците од почетокот на следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот