EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руските сили од Крим истрелаа две ракети врз штабот на украинската служба за безбедност

Извори од Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврдија за Киев пост дека од Крим биле истрелани две балистички ракети кон главниот град на Украина и дека нивна цел била седиштето на СБУ.

Во моментот н нападот во седиштето на СБУ се наоѓале голем број на високи раководители на службата кои го прославувале денот на СБУ во Украина.

„Киев пост“ наведува дека Русија намерно со проектили го гаѓала седиштето на украинската служба, каде што се наоѓаат високи офицери на СБУ.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека воздушната одбрана на земјата пресретнала две балистички ракети лансирани од Крим.

Во соопштението се наведува дека и двете проектили биле насочени кон центарот на Киев.

Повеќе експлозии одекнаа во центарот на Киев во понеделникот, околу 30 секунди откако сирените за воздушен напад се вклучија во главниот град на Украина и властите ги повикаа жителите да се засолнат. Новинарите на Киев пост во различни градски области и предградија избројаа десетици силни експлозии.

“Експлозии во Киев. Веднаш одете во засолништата. Во областа Печерск, поради падот на фрагменти од ракета, уништена е трикатна зграда. Службите за итни случаи работат на местото. Фала богу, засега нема жртви. Само Едно лице е повредено, а лекарите укажале помош на лице место“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на социјалните мрежи, додавајќи дека итната помош била испратена во три области на главниот град. Според украинските воздухопловни сили, противвоздушната одбрана пресретнала две балистички ракети лансирани од Крим. Двата проектили се движеле кон центарот на Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот