Руската вакцина против коронавирусот е тестирана на 38 луѓе, тврдат била безбедна

Се развиваат во светот повеќе од 100 можни вакцини во обид да се запре пандемијата.

Русија планира да произведе 30 милиони дози експериментална вакцина против ковид-19 оваа година, со можност да произведе уште 170 милиони во странство, изјави за Ројтерс директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Првото испитување на вакцината на луѓе, кое траело месец дена и во кое учестувале 38 лица, завршило оваа недела. Научниците заклучиле дека е безбедна за употреба и дека предизвикува имунолошки одговор.

Поголемата трета фаза од испитувањето во која ќе бидат вклучени неколку илјади луѓе, треба да почне во август, изјави Дмитриев.

„Веруваме дека врз основа на сегашните резултати во Русија ќе се одобри во август, а во некои други земји во септември… што значи дека би можела да стане првата одобрена вакцина во светот“, рече тој.

Се развиваат во светот повеќе од 100 можни вакцини во обид да се запре пандемијата. Најмалку два се во завршна трета фаза од испитувањето врз луѓе, покажуваат податоците на СЗО. Една развива кинески Синофарм, а друга АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Производителите се занимаваат со прашањето како масовно да го зголемат производството за да ги задоволат глобалните потреби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот